903
На Вардар малку му требаше да направи сензација во Финска, не успеа, елиминиран е од квалификациите за Лигата на шампионите, настапот во Европа ќе го продолжи во квалификациите од Конференциската лига.
Противник на Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе му биде Рига од Летонија.
Летонците не загубија од ерменски Арарат со вкупни 3-4 и исто како и Вардар се префрлуваат во третото по квалитет натпреварување во Европа.
Првиот натпревар се игра на 23 јули во Скопје, реваншот е една недела подоцна во Летонија.