Вардар донесе фудбалер со искуство во најсилното првенство на Франција

by bojan
1 минути читање

Вардар попладнево го потврди трансферот на Ворен Чимбембе, едно од најзвучните засилувања ова лето според биографијата, се работи за фудбалер кој настапувал во најсилното првенство на Франција.

„Црвено-црните“ продолжуваат да работат на тимот за новата сезона, новото засилување за актуелниот освојувач на Купот на Македонија е Ворен Чимбембе.

Станува збор за фудбалер од средниот ред кој има искуство од настап во француската Лига 1 и Лига 2, каде го носел дресот на Мец, Троа и Генгам.

Тој веднаш му се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски на подготовките во Раденци, каде се темпира формата пред натпреварот во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×