Вардар договори фудбалер кој некогаш вредеше и три милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Од редовите на Вардар веќе работат на комплетирање на составот за наредната сезона, па така по новите договир (ТУКА) од клубот сега го потврдија и првото засилување.

Во прашање е Жерсон Родригез фудбалер кој своевремено според „Трансфермаркт“ вредеше и три милиони евра.

Беше дел од клубови како Динамо Киев, Сиваспор, Слован Братислава…но исто така е познат и како „проблематично момче“.

Негов последен клуб беше Канчанбаури Пауер од Тајланд, а во Вардар пристигнува како слободен играч откако му истече договорот.

Долго време беше и репрезентативец на Луксембург, репрезентација за која собра 72 настапи и постигна 23 гола.

Фото: Dynamo kiev

Можно е и ова да ти се допаѓа

×