Варан е подготвен да прифати и помала плата само да се врати во Реал Мадрид, но има еден проблем

by
1 минути читање

По повредата на
Давид Алаба, медиумите почнаа да пишуваат дека Реал Мадрид ќе ангажира нов
дефанзивец во јануари.

Во прв момент беа
понудени три имиња на млади перспективни играчи, но во последно време се
погласно се говори за сензационален трансфер и враќање на Рафаел Варан.

Како што
пренесува АС, Французинот не е задоволен од статусот на Олд Трафорд и тоа што
често седи на клупа, па ја отворил вратата за враќање на „Бернабеу“. Тој дури е
подготвен да прифати и помала плата за повторно да го облече белиот дрес.

Се шпекулира дека
неговиот договор не е до 2025 како што беше најавено во прв момент, соработката
е до 2024, со опција да биде продолжена за додатни 12 месеци.

Па поради ова,
Реал Мадрид се надева дека може да го ангажира Рафаел Варан за 10-тина милиони
евра.

Но проблем може
да биде тоа што сериозен интерес за Рафаел Варан пројавува и Баерн Минхен, кој
е подготвен да плати и до 20 милиони евра за ангажман на Французинот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×