На победата на
Лестер од 2-0 против Шефилд јунајтед, избраниците на Оле Гунар Солшер
одговорија со триумф од 0-2 на гостувањето кај Кристал Палас, па „лисиците“ и
„ѓаволите“ остануваат израмнети по бодови на две кола до крајот.
Рашфорд кон финишот
на првиот дел погоди за 0-1, а по една одлична акција во 78. минута, Марсијал ги
осигура трите бода.
Во следните
денови сигурно ќе се зборува за ВАР, откако при резултат 0-0, Заха падна во
шеснаесетникот по еден старт на Линделоф. Судијата не се огласи, но чуди зошто
не реагираа од ВАР собата со оглед на тоа дека имаше доста елемени за најстрога
казна.
ВАР исто така
спречи Кристал Палас да изедначи на 1-1 откако го поништи голот на Ају за
милиметарски офсајд.