ВАР спречи магичен кам-бек на Челси и во 95. минута му поништи гол за победа кај Вила (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси се врати од два гола негатива на гостувањето на Вила Парк, во последните мигови избраниците
на Маурисио Покетино на кратко се ираздуваа и на гол за победа, но ВАР замеша
прсти и на крајот бодовите беа поделени.

Астон Вила поведе
рано, Кукуреља во 4. минута си ја затресе сопствената мрежа за предност на домаќините
од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Роџерс реализираше за 2-0.

Но „сините“ не се
предадоа, Мадуеке во 62. минута намали на 2-1, за потоа Галагер да изедначи на
2-2 во 81. минута.

Длабоко во
судиското надоплнување, Дисаси погоди за 2-3 и голема радост, но тогаш на сцена
стапи ВАР, кој го поништи голот и спречи магичен кам-бек на Челси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани