ВАР, пенал и гол на Рамос: Реал на сличен начин два пати победува за четири дена (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Кралевите“ сигурно чекорат кон титулата од Ла Лига, попладнево стигнаа до три бода на незгодното гостување во Баскија. Реал Мадрид го препиша рецептот од дуелот со Хетафе, па и денеска стигна до триумф со пенал и гол на Серхио Рамос од белата точка.

На средината од второто полувреме, судијата доби повик од ВАР собата да анализира еден старт над Марсело, и по прегледувањето на снимките, беше досудена најстрога казна.

Серхио Рамос превземе одговорност и погоди за 0-1 и нова минимална победа со која Реал Мадрид сега има +7 на врвот на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×