Брзо откако видеото беше објавено по сите италијански медиуми, Вањати даде изјава за „Скај Спорт Италија“.
„Имаше дискусија како што видовте, која не изгледаше убаво, но тоа се случува кога двајца луѓе навистина се грижат за работите да бидат добри, тоа се случи“, изјави Вањати.
„Тренерот сака нови фудбалери колку што е можно побрзо, ние како клуб се обидуваме да направиме се што можеме на овој тежок трансфер пазар. Ќе ги донесеме фудбалерите кои ги сака“.
„Си кажавме тоа што требаше да си кажеме, на крајот се прегрнавме. Ние сме двајца многу искрени луѓе кои си ги кажуваат работите во лице, па благодарение на овие дискусии можеме да почнеме од почеток за најдоброто за Торино“.
„Имаме одличен тренер, ќе се обидеме да донесеме нови играчи колку што е можно побрзо, бидејќи вистина е дека ни требаат повеќе фудбалери“.
Во жестоката дискусија Вањати го навреди и претседателот на Торино, го нарече „ку*оглав“, тој не го негира тоа.
„Кога има аргументи, се случува да кажете и нешто што не го мислите. Тоа не е поентата, се работи за тоа што се случи, а тоа е дека ние двајцата го сакаме најдоброто за клубот и мора да се обидеме да му ги дадеме фудбалерите најбрзо што можеме“.
„Тренерот има свои грижи и тие се легитимни, го разбираме тоа и ќе се обидеме да направиме тоа што треба да направиме“.
„Нема да бидат тоа десет фудбалери, ќе бидат помалку, но треба да бидат вистинските за да имаме конкурентен состав“.
Торино ова лето изгуби клучни играчи како Андреа Белоти кој си замина како слободен фудбалер и дефанзивецот Глеисон Бремер кој беше продаден на Јувентус.