76
Според „Газета дело Спорт“, Ванда Нара бара Интер да му ја врати капитенската лента на Икарди, во спротивно тој веќе нема да заигра за клубот.
Дополнително таа бара Интер да му се извини на Икарди за „страдањето“ на нејзиниот сопруг откако му беше одземена капитенската лента.
Аргентинецот кој денеска полни 26 години, нема играно за Интер два натпревари по ред откако му беше одземена лентата, не настапи против Рапид Виена и Сампдорија.
Многумина сметаат дека проблемите меѓу Икарди и Интер се поради однесувањето на Ванда Нара кое му штети на клубот.