Брегалница го врати Виктор Велкоски!

by riste
1 минути читање

Штипскиот клуб продолжува со засилувањата, нова принова е искусниот дефанзивец, Виктор Велкоски.

Откако претходно го објавија враќањето на Иван Николов, Брегалница сега информира и за ангажман на Виктор Велкоски.

„Виктор Велкоски е повратникот во штипската чета. Станува збор за одличен дефанзивец кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска. Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, Брегалница, а има и интернационално искуство во Лачи (Албанија), Егиниакос (Грција) и Туран (Казахстан). Корпулентниот стопер ќе биде вистинско освежување во нашите редови и ќе ја засили конкуренцијата во дефанзивните редови“, стои во соопштението н Брегалница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×