Поранешниот
напаѓач на Манчестер јунајтед, Робин ван Перси имаше интересна реакција на
социјалните мрежи по хет-трикот на Ентони Марсијал против Шефилд Јунајтед во
убедливата победа од 3-0 на „Црвените ѓаволи“
Холанѓанецот до
вчерашниот хет-трик на Марсијал беше последниот фудбалер кој запишал хет-трик
во дресот на Манчестер јунајтед, и тоа во 2013. година против Астон Вила.
Во
својата реакција на социјалните мрежи тој воедно и се пошегува, наведувајќи
дека поминало време за ова да се случи, на крајот честитајќи му на Марсијал, а
овој потоа му се заблагодари.
Манчестер
јунајтед има солидна сезона под кормилото на Оле Гунар Солшер, „Црвените ѓаволи“
цели 13 меча немаат пораз, а сигурно до крајот ќе се борат за место во Лигата
на шампионите за идната сезона, најголем ривал за четвртата позиција е Челси, а
нема некоја голема предност ниту Лестер.
Што се однесува
пак до Марсијал, тој сезонава постигна 14 погодоци, а зад своето име запиша
уште и три асистенции.