Ван Нистелрој добива отказ!

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот фудбалски стратег Руд ван Нистелрој најверојатно ќе го напушти кормилото на Лестер по последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата, кој „лисиците“ ќе го одиграат в недела против Борнмут, пренесува „Скај Спорт“.

Иако одлуката сè уште не е официјализирана, раководството на клубот веќе разгледува потенцијални замени за поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед.

Како главни кандидати за нов предводник на тимот се споменуваат поранешниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, како и актуелниот стратег на Шефилд Венсдеј, Дани Рел.

Сепак, од клубот испраќаат порака дека нема да брзаат со изборот на нов шеф на стручниот штаб од почит кон Ван Нистелрој, кој и понатаму формално е на функцијата. Според информациите, преговорите за спогодбен раскин на договорот со холандскиот тренер би требало да започнат веќе на почетокот на наредната недела.

Ван Нистелрој на почетокот на 2024 година го презеде Лестер, но не успеа да го спаси тимот од испаѓање во Чемпионшип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани