Ван Дер Сар се јави со добри вести: Веќе не сум на интензивна нега! (ФОТО)

by
3 минути читање

Додека беше на одмор во Хрватска, Ван дер Сар доби крварење во мозокот по што веднаш беше хоспитализиран на интензивна нега во Сплит. Неколку дена подоцна беше префрлен во холандска болница, но и таму беше на интензивна нега.

Во тој период неговата сопруга ја известуваше јавноста за состојбата на легендарниот голман, а сега, за првпат се јави и тој.

„Најпрво, сакаме да се заблагодариме на сите за сите пораки со поддршка. Среќен сум што можам да споделам дека веќе не сум на одделението за интензивна нега. Како и да е, се уште сум во болница. Се надевам дека следната недела ќе бидам дома и ќе го почнам следниот чеков во мојата рехабилитација“, напиша Ван дер Сар на своите мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани