Ван Дајк жестоко удри по своите соиграчи: Треба да се погледнеме во огледало и да се запрашаме…

by
1 минути читање

„Црвените“ направија голем чекор назад во трката за титулата откако загубија во градското дерби против Евертон со 2-0, и сега заостануваат три бода зад Арсенал на четири кола до крајот, a денеска можат да бидат прескокнат и од Манчестер Сити.

Па капитенот Вирџил ван Дајк реши жестоко да удри по своите соиграчи.

„Разочаран сум многу. Мислам дека секој мора да се погледне во огледало, да ги согледа своите перформанси и да се праша дали навистина дава се од себе? Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?“ – вели дефанзивецот.

„Очигледно е дека се бориме и има уште четири натпревари до крајот. Но доколку играме како што игравме денеска, без да добиеме дуел и да му дадеме безброј шанси на судијаа да свирне прекршок, тогаш немаме никакви шанси за титулата“.

„Нема лесен натпрвар, но вечерва моравме да прикажеме многу повеќе против екипа која се бори за опстанок“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани