Ван Дајк со еден коментар го збесна Рој Кин: Да го потсетам само дека Ливерпул 30 години не знаеше за титула!

by
1 минути читање

Големото дерби на Енфилд заврши без победник и без голови, Ливерпул имаше доволно шанси да слави, но не успеа да најде решение за „бункерот“ на Манчестер јунајтед.

„Го имавме поседот на топката и креиравме доста шанси. Само еден тим се обидуваше да победи“ – рече капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

„За жал тоа не се случи. Фрустрирани сме бидејќи сакаме да победиме на секој натпревар, особено кога се игра против лут ривал како Манчестер јунајтед. Бевме супериорни во сите аспекти, тие играа само преку контри“.

„Видете само колку беа пресреќни што освоиле бод, тоа кажува се“.

Ваквите коментари не му се допаднаа на Рој Кин, кој како стручен коментатор го работеше натпреварот.

„Ван Дајк покажа голема ароганција што вака го пецка Манчестер јунајтед. Некој треба да го потсети дека игра за клуб кој има само една титула во 30 години“ – вели легендата на „ѓаволите“.

„Манчестер јунајтед во моментов минува низ тешки моменти, како што Ливерпул со години минуваше низ тешки моменти. Доста години Ливерпул беше среќен со бод“.

„Ливерпул имаше доста шанси денеска, и сами си се криви што не постигнаа гол и не ги освоија трите бода“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×