125
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк одогвори на критиките од Вејн Руни кој претходно изјави дека на „црвените“ им фали лидер во тимот.
Во своите критики Руни посебно ги истакна Ван Дајк и Салах велејќи дека говорот на телото не им е исправен.
По победата над Астон вила со 2-0 со која Ливерпул стави крај на црнатаа низа, Ван Дајк кратко му одговори.
„Не го слушав да зборува минатата сезона“, порача дефанзивецот.
Ќе потсетиме, до натпреварот со Астон вила, Ливерпул беше во серија од четири порази.