Ван-Бисака ги игнорирал советите на Манчестер јунајтед, се соочува со самоизолација од две седмици

by
1 минути читање

Арон Ван-Бисака,
десниот бек на Манчестер јунајтед кој импресионира по трансферот од Кристал
Палас, а статистиката зад неговото име е неверојатна во поглед на дефанзивните
задачи е неизвесен за стартот на новата сезона во Премиерлигата која почнува од 12. септември, од причина што
ќе ги пропушти подготовките.

22 годишниот бек не
ги почитувал советите на клубот да избегне патување во Дубаи за време на
летниот одмор, поради заштита од пандемијата со Ковид-19, па наместо да ги
послуша тие совети, тој се решил да ги игнорира, а сега се соочува сосамоизолација
во траење од 14 денови.

Дополнителен
проблем за Оле Гунар Солшер е фактот што Ван-Бисака се уште не е вратен на
Островот, тоа ќе го стори на крајот од идната седмица, па така 22 годишниот фудбалер
ќе ги пропушти претсезонските подготовки на тимот, а мошне веројатно е дека ќе
го пропушти дури и стартот во новата сезона од Премиерлигата.

Веќе е познато
дека Пол Погба е позитивен на тестирањето за коронавирусот, што секако е
проблем за Манчестер јунајтед на две седмици пред почетокот на новата сезона во
Премиерлигата, односно три до првиот меч.

Поради договорот сите
клубови во Премиерлигата да имаат 30 денови одмор пред првиот меч од новата
сезона, Манчестер јунајтед ќе го прескокне првото коло каде беше предвидено да
гостува кај Барнли, но тој меч ќе се одигра нешто подоцна од предвиденото, а во
второто коло „Црвените ѓаволи“ на домашен терен го пречекуваат Кристал Палас, и
тоа на 19. септември.

Инаку, кога сме веќе кај Ван-Бисака, вреди да се наведе и фактот што ѕвездата на Манчестер јунајтед со себе на одморот во Дубаи имаше и фитнес тренер со кого редовно тренираше за да ја одржи формата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×