Федерико Валверде би можел да биде „жртвуван“ во летниот преоден рок, по конфликтот кој избувна во соблекувалната меѓу него и Чуамени, пишуваат шпанските медиуми.
Според информациите дел од соиграчите повеќе не сакале да играат со Уругваецот по серија меѓусебни несогласувања, па сѐ погласно се зборува за можен спектакуларен трансфер. Јасно е дека финансиски најмоќните европски клубови со нетрпение би чекале шанса да го ангажираат еден од најкомплетните фудбалери на денешницата.
Во центарот на вниманието веднаш се најдоа Манчестер сити и ПСЖ.
Пари Сен Жермен, наводно, покажува сериозен интерес за 27-годишниот играч и веќе воспоставил неформален контакт. Според шпанскиот весник „АС“, евентуалниот трансфер би бил со вредност меѓу 100 и 120 милиони евра.
Во трката е и Манчестер сити, кој уште минатото лето стапил во контакт со претставниците на Валверде. Тогаш добил негативен одговор од Реал, по што англискиот шампион се свртел кон Тијани Рајндерс. Сепак, добро е познато дека Пеп Гвардиола е голем почитувач на разновидноста и работната етика на Валверде.
Сепак, мора да се почека и крајот на сезоната кога според најавите Мурињо ќе го преземе Реал Мадрид.