Валверде до Чуамени: Имаш среќа… инаку ќе ти беше последен натпревар во кариерата!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија откриваат нови детали за тепачката помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени, не помогнало ниту тоа што Алваро Арбелоа ги ставил во ист тим.

Минатата недела беше одбележана од големиот скандал во Реал Мадрид и тепачката помеѓу Феде Валверде и Ореалиан Чуамени по која Уругваецот заврши во болница на шиење со „трауматска повреда на главата“.

Реал Мадрид на двајцата им изрече исторкска казна и ги санкционираше со 500.000 евра, но отанува да се види какви последици ќе остави овој инцидент.

Новинарот Марио Кортегана сега открива нови детали од случувањата на тренингот, Алваро Арбелоа се обидел да ја смири ситуацијата и ги вметнал двајцата фудбалери во ист тим за да се избегне нов судир, но првото нешто во Валверде му го кажал на Чуамени било: „Имаш среќа што сме во ист тим, инаку ќе ти беше последен натпревар во кариерата!“

Медиумите од Шпанија претходно известија дека соблекувалната е на страната на Ореалиан Чуамени и сметаат дека Феде Валверде претерал со однесувањето и грубите стартови.

Марио Кортегана го потврди истото и додаде дека многумина во Реал Мадрид веруваат дека Феде Валверде не покажал примерно однесување какво што се очекува од еден капитен, па Уругваецот може да остане и без капитенската лента, па дури и да биде ставен на продажба во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×