469
Вистинско чудо е што мрежите мируваа на натпреварот меѓу Ваљадолид и Леванте, шанси имаше и на двете страни а најголемата ја имаа домаќините на крај.
Во судиското продолжение по предлување на ВАР, Ваљадолид доби пенал, но Унаи не реализираше, неговиот удар го одбрани Абарис кој и го направи фаулот за најстрога казна.
Македонскиот репрезентативец, Енис Барди го одигра целиот натпревар.
Во останатите денешни мечеви од Примера победија гостите, Атлетик Билбао ја совлада Валенсија на Местаља со 2-0, со ист резултат Виљареал победи кај Бетис, исто како и Гранада кај Алавес.