Валенсија го одигра и седмиот натпревар без пораз (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Валенсија со денешното реми против Рајо Ваљекано (1-1) го одигра и седмиот натпревар без пораз во првенството на Шпанија.

Одиграа Рајо и Валенсија еден изедначен натпревар во кој видовме по еден гол и на двете страни. Домаќините први стигнаа до водство откако автогол си постигна Тарега, па така Рајо имаше предност на паузата.

Во второто полувреме иако Рајо за нијанса можеби беше подобар противник сепак Валенсија дојде до израмнување во 75-минута кога погоди Умар Садик.

До крајот видовме по некоја прилика и на двете страни меѓутоа резултатот не се промени.

На табелата сега Валенсија е 14-та со 38 бода, додека Рајо е деветти со 41 бод, два помалку од Мајорка и Селта кои имаат 43 на позициите кои водат во Европа наредната сезона.

Столе Димитриевски и оваа средба ја помина на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани