Валенсија доведува голман од 199 сантиметри од Англија да му биде конкуренција на Димитриевски!

by Стефан
1 минути читање

Столе Димитриевски и во следните две сезони ќе биде дел од Валенсија, но тоа не значи дека македонскиот репрезентативец ќе ја има обезбедено позицијата прв голман.

Валенсија летово ја активираше клаузулата со која го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година, но паралелно работеше и на засилување на конкуренцијата под голот. Таа операција денеска е реализирана со ангажманот на Кејн Ван Оевелен.

Станува збор за 23-годишен холандски голман со висина од 199 сантиметри, кој на „Местаља“ ќе пристигне од Ипсвич на едногодишна позајмица. Премиерлигашот го ангажираше Ван Оевелен ова лето, но тренерот О’Нил проценил дека за неговиот развој најдобро би било да оди на позајмица.

Димитриевски, пак, минатата сезона на почетокот беше во сенка и ја имаше улогата на резерва. Сепак, кога конечно доби можност, македонскиот голман ја искористи максимално и со своите настапи во вториот дел од сезоната покажа дека заслужува поголема доверба.

Сега, сепак, повторно ќе мора да се избори за своето место. Со доаѓањето на Ван Оевелен, тренерот Корберан добива уште една сериозна опција, па останува да се види кој ќе ја добие довербата за стартната позиција на почетокот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×