Лацио беше без
право на кикс по поразот од Милан, избраниците на Инзаги имаа добра прилика да
се вратат на победнички патеки, вечерва гостуваа кај Лече, тим кој има шест
порази во низа.
Мечот почна
возбудливо, домаќините постигнаа гол по само 120 секунди, но ВАР го поништи поради
играње со рака. Веќе во следниот напад, Лацио поведе со 0-1. Голманот на Лече лошо
исфрли, па гостите од втора преку Каиседо ја затресоа мрежата.
Сепак, по
половина час игра Лече стигна до изедначување. Бабакар доби перфектна топка и со глава реализираше за 1-1. Пред крајот на
првиот дел, домаќините добија шанса за комплетен пресврт, судијата покажа на
белата точка, но Манкосу се посрамоти и го прерфли голот.
Лече сепак успеа
да дојде во водство по само 100 секунди во вториот дел, Лучони скокна највиско
по еден корнер и донесе 2-1. Лацио се обиде да се врати во игра, гостите
креираа неколку добри прилики, но никако не успеваа по втор пат да го матираат
Габриел.
Нервозата си го
направи своето во финишот, Лацио остана и со играч помалку Патрик гризна еден
противнички играч па предвреме беше пратен на ладење.