Вака прв голман на Манчестер јунајтед не се станува, Хендерсон со голем кикс подари гол (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Дин Хендерсон
изминатово лето се врати на Олд Трафорд со желба да стане прв голман на
„ѓаволите“. Давид Де Хеа често знае да погреши, неговата позиција е под знак
прашалник, па младиот Англичанец има солидни шанси.

Сепак, вечерва
тој направи голема грешка која сигурно ќе му ја поткопа самодовербата но и ќе
го стави Солшер на два ума.

Дин Хендерсон
премногу чекаше да се ослободи од топката, напаѓачот на Шефилд јунајтед го
блокираше, успеа да ја протне до својот соиграч и Мекголдрик донесе 1-0 по пет
минути игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×