59
Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Бетис во Ла Лига и практично се прости од шампионската трка со Барселона.
Тимот од Мадрид поведе преку Винисиус Жуниор во 17. минута и долго време имаше контрола врз резултатот, но домаќините стигнаа до бод со погодокот на Хектор Белерин во 93. минута.
Со овој резултат, заостанувањето на Реал дополнително се зголеми, па на Барселона ѝ останува само формално да ја потврди титулата. Интересни детали од драматичната завршница беа објавени и преку снимки од судиската камера. На неа може да се види во преден план како изгледа кога Винисиус влегува во расправии со арбитрите.
Фан маички за Светското првенство, погледнете – ТУКА!