Вајс: Ќе сториме сè за да ја победиме Македонија, или ќе бидеме херои или губитници

by
1 минути читање

Грузија и Македонија утре од 18 часот ќе ја почнат историската битка за пласман на Европското првенство, двете селекции се надеваат дека ќе испишат историјата, но на крајот само една ќе се радува на победа.

„Пред нас е најважниот меч за цела Грузија, сите се надеваме на победа. Или ќе бидеме херои или губитници. Сакам да победиме, сакам Грузија да ја направиме среќна, и ќе сториме сè што можеме да го направиме тоа. Мора да играме на гол повеќе од Македонија која има одличен состав и покрај тоа што и недостасуваат некои играчи. Ќе биде тоа тактичка битка, но ќе играме со големо срце. Ќе бидеме без Квараскелија и Шенгелија, но имаме опции во нападот, веќе го знам составот со кој ќе го почнеме мечот. Мораме да бидеме дисциплинирани во играта, да играме со страст, со позитивни емоции, и да имаме одлична завршница во нападите“, вели селекторот на Грузија, Владимир Вајс.

Фудбалерот на Грузија, Ника Квеквешкири сака да ја „уништат“ својата земја од радост. И тој како и селекторот верува во победа.

„Атмосферата е позитивна, го живееме сонот за пласман на Европско првенство и ќе направиме се да ја „уништиме“ Грузија од радост каква што досега невидела. Ќе ни недостасуваат навивачите, но тука сме сите едно, ќе направиме се за да победиме“, вели Квеквешкири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани