Фудбалерот од
средниот ред на англискиот првак Ливерпул, 29 годишниот Џино Вајналдум е
подготвен да си замине од „Енфилд“ откако наводно ги договорил личните услови
со Барселона, нешто за што се најавуваше извесен период, особено откако кормилото
на Каталонците го презеде неговиот сонародник Роналд Куман.
Вајналдум е
сериозно заинтересиран да ја замени Премиерлигата со Примера и покрај фактот
што стана мошне важен дел од составот на Јирген Клоп, а „Спорт“ пренесе дека
сега топката е префрлена кај обата клуба кои преговараат за обештетувањето на
фудбалерот чиј договор истекува идното лето.
Се верува дека
Барселона е подготвена на Ливерпул да му понуди до 18 милиони фунти за
холандскиот фудбалер, меѓутоа не повеќе од таа сума, а Вајналдум наводно си подал рака за тригодишен договор со Каталонците.
Вајналдум реализираше
187 натпревари во дресот на Ливерпул по трансферот од Њукасл пред четири години,
зад своето име запиша 19 погодоци за „Редсите“.