Вајналдум ќе почека до 31 јули да добие бонус од ПСЖ, а потоа ќе се пресели во Рома

by
1 минути читање

Информациите од Италија велат дека е се позивесно дека Вајналдум во следната сезона ќе го носи дресот на Рома, преговорите се во завршна фаза. 

Најголем проблем е платата на Вајналдум за која двата клуба преговараат. Веројатно фудбалерот ќе оди на позајмица во Рома, а двата клуба по пола ќе му ја исплаќаат.

Се очекува во наредните денови да дојде до договор, но тој нема да биде потпишан пред 31. јули, а тоа е поради една клаузула во договорот на Вајнладум со ПСЖ.

Таа вели дека ако Вајналдум остане во ПСЖ до 31 јули оваа година, ќе добие бонус за весност од 3 милиони евра.

Фудбалерот не сака за неколку дена да ја испушти оваа сума, па се очекува договорот со Рома да биде склучен во првите денови од август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани