44
Фудбалскиот клуб Брегалница информираше дека еден од нивните најстандардни фудбалери, Давид Калпачки, подолго време ќе биде надвор од терените поради повреда.
Давид Калпачки скина лигаменти, за него можеби е завршена сезоната уште на самиот почеток, евентуално да се врати во последните кола.
„Ја известуваме јавноста дека на еден од последниге тренинзи нашиот креативец и еден од најстандарните и најкорисни играчи, Давид Калпачки заработи потешка повреда – руптура (кинење) на предните вкрстени лигаменти, која ќе го оддалечи од терените подолг временски период“, стои во соопштението на Брегалница.