Ужасна вест од Франција: Поранешен репрезентативец се бори за живот!

by Стефан
1 минути читање

Француските медиуми објавија дека поранешниот фудбалер, Даниел Конгре кој денес работи како спортски кординатор во Лион бил избоден со нож.

Низ кариерата Конгре собра над 500 настапи во француската Лига 1 во дресот на Тулуз, Монпелје и Дижон, а исто така запиша и четири настапи во Лигата на шампионите со Монпелје. Своевремено беше дел и од репрезентацијата до 21 година за која настапи на четири средби.

Инцидентот според информациите се случил вчера околу 19:00 часот во вилата на Конгре во Монпеплеј, но повеќе детали засега не се откриваат.

За среќа последните информации говорат дека Конгре се наоѓа во стабилна состојба.

Фото: MHSC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани