Фудбалската репрезентација на Узбекистан обезбеди настап на Светското првенство 2026 година откако денеска во Абу Даби одигра без голови против Обединетите Арапски Емирати во деветото коло од Групата А во азиските квалификации.
На едно коло пред крајот од третата квалификациска фаза, Узбекистан се наоѓа на второто место на табелата со 18 бодови. Прв е Иран со 20 и таа селекција исто така обезбеди место на Мундијалот. Од Азиската зона тоа го направија и Јапонија и Австралија.
За Узбекистан ова е историски успех бидејќи првпат ќе настапат на Светско првенство.
Досега се познати вкупно девет учесници на претстојното Светско првенство. Покрај четирите од Азија и трите ко-домаќини (Канада, Мексико и САД), на Мундијалот се знае дека ќе играат уште Аргентина и Нов Зеланд.