Ужасни вести од Италија, почина Синиша Михајловиќ

by
2 минути читање

Михајловиќ не успеа да ја победи тешката болест, тој почина од леукемија која му беше дијагностицирана пред три години.

Српскиот стратег денеска починал во болница во Милано додека покрај него било неговото семејство.

Михајловиќ од 2019 година се бореше со леукемијата која двапати ја победи, но болеста повторно се врати и овојпат не успеа.

Тој фудбалската кариера ја почна во Борово, играше и за Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Имаше 63 настапи за Југославија.

Како тренер ги водеше екипите на Интер, Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и повторно Болоња. Една година беше и селектор на Србија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани