Уште ова фали, Челси да му плати милионска сума на Баерн за да го ангажира Нагелсман

by
1 минути читање

Челси плати
десетици милиони фунти за отказот на Томас Тухел, па плати преку 20 милиони фунти
за да го ослободи Грем Потер од договорот со Брајтон, за седум месеци подоцна
да одвои нови десетици милиони фунти за неговиот отказ.

Некои проценки
велат дeка за овие потези се потрошени околу 50 милиони фунти, а иронично,
сумата може дополнително да порасне.

Скај Германија
објави дека преговорите помеѓу Челси и Јулијан Нагелсман се одвиваат добро,
младиот стратег бил задоволен од проектот кој му бил презентиран па размислува
уште сега да седне на кормилото на „Стамфорд Бриџ“.

Но технички тој
се уште е под договор со Баерн Минхен, „баварците“ и покрај тоа што му „удрија
клоца“, го задржаа на платен список со цел да не му исплатат компензација (се
споменуваше сума од 30-тина милиони евра).

Па за преселба на
Јулијан Нагелсман во Лондон амин треба да даде и Баерн Минхен, кој пак се
повикува на откупна клаузула во договорот на Јулијан Нагелсман и милионска сума
која треба да биде платена за стратегот да ја промени средината.

Доколку Челси
повлече еден ваков потег, не само што „баварците“ нема да треба да му платат
компензација на Јулијан Нагелсман за отказот, ќе успеат и да заработат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×