Уште ова фали: Барса и Јувентус повторно ќе ги трампаат Артур и Пјаниќ?!

by
1 минути читање

Летото во 2020
година, Барселона го испрати Артур во Јувентус, додека пак Јувентус го испрати
Миралем Пјаниќ во Барселона.

Зделката падна во
очи поради високите цени кои клубовите им ги одредија на играчите со цел да
искажат капитални добивки и да ги избалансираат сметките.

Но на долг рок,
трампата беше промашување, ниту Миралем Пјаниќ се наметна на Камп Ноу, ниту пак
Артур се снајде на „Алианц“ во Торино, а големите плати на играчите им правеa проблеми на клубовите да им најдат нова средина.

Последните
информации велат дека Артур бил понуден на Барселона, во моментов нема
официјални преговори, но „каталонците“ се отворени за идеата Бразилецот да се
врати, на Чави му се допаѓа играчот.

Клубот од Камп
Ноу нема многу пари за трошење, па се говори за луда нова трампа со Миралем
Пјаниќ, кој нема иднина во Барселона.

Макс Алегри е фан
на играта на Босанецот, па останува да се види дали до крајот на летото може да
падне една ваква зделка, која сигурно ќе биде големо изненадување.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани