175
Лампард беше назначен за тренер на Евертон во текот на минатата сезона, тимот не импресионираше под негово водство, но до крајот некако успеа да избори опстанок.
Поради тоа Лампард остана на клупата и оваа сезона, но речиси никој не верува дека легендата на Челси ќе остане долго на клупата на Евертон.
Ноќеска неговиот тим загуби со срамни 4-0 од Минесота во пријателски натпревар.
Лампард сега го нема ниту Ришарлисон кој знаеше да направи разлика и кога тимот нема игра.
Сепак ова е само подготвителни натпревари, ќе се суди откако ќе почне сезоната, но прогнозите не се сјајни.