Уште едно големо засилување за Анчелоти, Хамес Родригез потпиша за Евертон

by
0 минути читање

По комплетирањето на трансферот на Алан, Евертон потпиша и со Хамес Родригез, тој доаѓа од Реал Мадрид за сума од околу 25 милиони евра.

29-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со опција да биде продолжен за уште една сезона.

Родригез многу добро го познава Карло Анчелоти, тој по трет пат ќе работи со него, претходно заедно беа во Реал Мадрид и Баерн Минхен.

„Навистина сум многу, многу среќен што ќе бидам во овој голем клуб, клуб со многу историја и со тренер кој ме познава многу добро“, вели Хамес Родригез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани