Уште еден полн погодок на Марина, Челси добро ќе се офајди од титулата на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Марина
Грановскаја е главна на „Стемфорд Бриџ“, таа
e задолжена за трансферите и договорите и важи за директор
со кој тешко се преговара. Минатото лето кога го продаде Еден Азар, направи
одлична зделка.

И покрај тоа што
фудбалерот имаше уште една година од дговорот, Русинката го натера Флорентино
Перез да плати 100 милиони евра. И не само тоа, „кралевите“ се обврзаа да
платат уште 40-50 милиони во бонуси, некои лесно остварливи, некои потешко.

Па синоќешниот
успех на Реал Мадрид, значи дека во клупската каса на Челси ќе легнат 15-20
милиони евра. Се шпекулира дека „кралевите“ треба да платат околу 15 милиони
евра за титулата во Ла Лига, и уште 5 милиони евра за обезбеден настап во
Лигата на шампионите.

Пари ќе
продолжуваат да пристигнуваат и во иднина, се верува дека има бонуси кои се
поврзани со бројот на настани и бројот на голови на Еден Азар. Челси очекува
најмалку 130 милиони евра од оваа зделка.

Најтежок е бонусот
за освојување на „Златната топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×