Уште еден удар за Наполи, бразилското крило можеби ја заврши сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Лоши вести за Наполи – Давид Нерес ќе биде надвор од терените најмалку четири недели поради повреда на листот, а според медиумите во Италија, можно е за Бразилецот да заврши сезоната.

Од клубот денеска официјално потврдија дека 28-годишниот офанзивец има повреда на листот од левата нога, но не прецизираа колку долго ќе трае опоравокот.

Сепак, италијанските медиуми јавуваат дека Нерес ќе паузира најмалку еден месец, што значи дека би можел да ги пропушти последните пет кола од Серија А. Тој сигурно нема да биде во комбинација за следните четири натпревари, а со тоа речиси и да е извесно дека неговата сезона е завршена.

Нерес пристигна во Наполи минатото лето како замена за Квича Кварацкелија, кој во јануари се пресели во Пари Сен Жермен. Оваа сезона има 25 настапи во Серија А и постигна два погодоци.

Наполи во моментов е втор на табелата со 71 бод, исто колку и лидерот – Интер

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани