Францускиот шампион Пари Сен Жермен стапил во контакт со Манчестер Сити за да се информира за условите под кои би можел да го ангажира фантастичниот шпански играч од средниот ред Родри.
Според информациите на реномираниот новинар Фабрис Хокин, ПСЖ го означил најдобриот играч на неодамна завршеното Светско првенство како главна трансфер цел ова лето.
На Родри му останува уште една година од договорот со „граѓаните“, а наводно нема намера да стави потпис на нова соработка со англискиот гигант.
Во моментов Реал Мадрид се смета за фаворит во трката за неговиот потпис, но ПСЖ има доволно финансиска моќ да се вмеша и да ги наруши плановите на шпанскиот клуб.
Спортскиот директор на парижани, Луис Кампос, има тешка задача, бидејќи според некои информации Родри веќе ги договорил личните услови со „кралевите“. Сепак, францускиот првак не се откажува и внимателно ја следи ситуацијата, подготвен да ја искористи секоја можност доколку дојде до застој во преговорите меѓу Мадрид и Манчестер.