Челси и Ливерпул
во недела ќе ги одмерат силите во 1. коло од новата сезона во Премиерлигата, но
пред пресметката на Стемфорд Бриџ, двата клуба влегоа во интересна битка на
трансфер пазарот.
„Црвените“ имаа
неколку неуспешни обиди за ангажман на Ромео Лавиа од Саутемптон а работата дополнително
се искомплицира откако Челси доцна синоќа влезе во трката и со понуда од 48
милиони фунти се обиде да го украдат фудбалерот од средниот ред.
Ливерпул пак веднаш скрои план како да се реваншира со Моизес Каиседо, кој со месеци е главна цел на Челси
и веќе беа испратени три понуди.
Се шпекулира дека
„црвените“ понудиле повеќе пари од Челси за услугите на Еквадорецот.
Останува да се
види дали двата клуба ќе си ги саботираат трансфер плановите, или пак ова е само игра за
да стигнат до првичните цели.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.