Комплетно две различни полувремиња одиграа денеска во Бундеслигата екипите Унион Берлин и Штутгарт во натпреварот кој заврши без победник 4-4.
Сите осум погодоци беа постигнати во неверојатното полувреме.
Шоуто започна уште во петтата минута кога Илиќ ги доведе домаќините во водство, а во 19-тата минута Леите се погрижи за 2-0. Потоа следуваа два гола на гостите кои преку Ундав и Милиот израмнија на 2-2.
За ново водство на Унион се погрижи Куерфелд во 39. минтуа. Само четири минути подоцна Чабот се погрижи за 3-3 ,а за прво водство на Штутгарт стрелаше Фухрич во првата минута од судиското продолжение.
И кога се мислеше дека тоа ќе биде се од ова лудо полувреме Илиќ постигна гол за 4-4.
Во вториот дел гледавме различна слика на теренот, се играше со помалку шанси, па резултатот не се промени.