Уникатна ситуација: УЕФА не може да одлучи кој клуб да го „избрка“ од Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

УЕФА сè уште нема донесено конечна одлука за учеството на Кристал Палас во Лига Европа – проблемот е сопственичката структура, бидејќи лондонскиот клуб и Лион имаат заеднички газда.

Двата клуба изборија место во европските натпреварувања, но според правилата на УЕФА, екипи со исти сопственици не смеат да настапуваат во исто натпреварување. Џон Текстор преку „Eagle Football“ поседува 44% од Кристал Палас и 77% од Лион.

Текстор веќе се согласил да го продаде својот удел во Палас на американскиот милијардер Вуди Џонсон, сопственикот на Њујорк Џетс, а ситуацијата дополнително се компликува откако Лион поради финансиски проблеми е исфрлен во Лига 2, што може да го отвори патот за Палас да добие зелено светло.

Одлуката се очекува следниот понеделник, а делува дека УЕФА не може да одлучи кој клуб да го „избрка“ од Европа…

Фото: Crystal Palace/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×