Унаи Емери денеска за првпат ја водеше екипата на Астон Вила и оствари голема победа над Манчестер јунајтед.
Астон Вила имаше фуриозен старт на мечот, по 11 минути игра веќе водеше со 2-0 со голови на Бејли и Дињ.
Пред самиот крај на првото полувреме Ремзи си даде автогол по еден шут на Лук Шо, Манчестер јунајтед се врати во игра.
Но по само четири минути игра во вториот дел Ремзи се искупи за автогол, постигна погодок во мрежата на Де Хеа за водство на Астон Вила од 3-1 што беше и конечен резултат.
Њукасл продолжува со одличните партии, денеска го совлада Саутемптон на негов терен со 4-1. До гостинска победа дојде и Кристал Палас кој со 2-1 беше подобар од Вест Хем.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.