Ултрасите на Милан го мотивирале тимот, не им се заканувале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако загубија со 2-0 од Специја, фудбалерите заедно со Пиоли и другите членови на стручниот штаб, беа потстроени пред улстрас фановите на Милан кои им држеа некоја лекција.

„Курва Суд“ преку соопштение ја разјасни ситуацијата и ги повика сите навивачи утре напладне да се соберат на тренингот во Миланело и да им дадат поддршка на фудбалерите.

„Пред една година се собравме околу нашите момци за да прославиме извонредно достигнување. Она што не очекува во вторник е уште покомплициран тест. Сега повеќе од било кога да докажеме дека сме луѓе на Милан“, стои во дел од соопштението.

Постои голема шанса Милан да не игра во Лигата на шампионите идната сезона, во Серија А имаат четири бода помалку од четвртата позиција, а во полуфиналето од ЛШ губат со 2-0 од Интер по првиот дуел.

Но, на 22. мај повторно ќе се одлучува за случајот на Јуве, ако се остварат очекувањата да му бидат одземени девет бодови, тоа би било добра вест за Милан кој можат да профитираат од едно такво сценарио.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×