Интер правеше напори да го врати Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“ ова лето, и по долги преговори со Челси конечно постигна дил за трансфер, но зделката пропадна откако „нероаѕурите“ дознале дека фудбалерот зад грб им водел преговори и со Јувентус.
Се говори дека голгетерот од Белгија сега би можел да заврши во лутиот ривал, или пак да прифати богата понуда од Саудиска Арабија.
Ваквиот расплет не им се допадна на навивачите, оние најжестоките од Курва Норд се огласија со соопштение и „распалија“ по Ромелу Лукаку.
„Никогаш повеќе нема да се видиме Лукаку. Не предаде сите. Те браневме и во најтешките моменти а сега ни заби нож во грб. Го бакнуваше грбот на клубот а сега се продаваш на оној кој ќе понуди најмногу пари. Ти не си прав маж“ – гласеше во дел од пораката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.