Најжестоките
навивачи на Интер на полувреме го напуштија дуелот против Сампдорија откако
добиле информација дека нивниот поранешен водач Виторио Бојоки бил убиен во
заседа пред својот дом во околината на Милано.
Но ултрас
навивачите не им дозволиле на обичните навивачи да останат на „Курва суд“ и со
напади и закани ги натерале да ги напуштат трибините.
„На крајот од
првото полувреме, ни беше кажано дека мораме да ја напуштиме „Курва суд“. Едно
младо момче нападна човек со ќерка која имаше 6-7 години и почна да плаче“ –
еден од сведоците раскажува за Ла Република.
„Друг човек кој
се бунеше за начинот на кој му беше наредено да замине, доби закани. Едно од
помладите момчиња му рече, „Знаеш ли кој сум јас, ќе ти го исечам вратот!“.
Друг пак се закануваше, „Излезете надвор или ќе ве истепаме, ние сме главни
тука““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.