Ултрас фановите на Интер одбиваат да му простат на Лукаку: Никој да не се осмелил да скандира за него!

by
1 минути читање

По неговиот импресивен прв престој во Интер во кој ветуваше дека нема да си оди од клубот, Лукаку замина во Челси откако за него пристигна огромна понуда од англискиот клуб.

Белгискиот напаѓач брзо се покаја и успеа да се врати во Интер.

Но, навивачите на Интер се поделени за неговото враќање, некои одбиваат да му го простат заминувањето во Челси, додека други немаа проблем да го направат тоа.

Лукаку синоќа постигна гол против Викторија Плзен, го бакна дресот на Интер и трчаше кон фановите, ја стави раката на срцето и ја крена другата во знак на извинување.

Но од мегафонот на еден од лидерите на најжестоките навивачи на Интер од „Курва суд“ се слушна: „Никој да не се осмелил да скандира за него!“.

Останува да видиме дали Лукаку со голови и добри партии во дресот на Интер ќе може да го омекне ставот на овие навивачи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×