Ултрас фановите на Интер ќе се обединат под едно знаме

by
1 минути читање

За Интер на северната трибина навиваат неколку ултрас групи кои меѓусебно не беа во најдобри односи. Тие сакаат да свртат нов лист и да се обединат по убиството на ултрас лидерот Виторио Боиочи кое се случи во октомври.

Најстарата ултрас група „Бојс“ која е формирана во 1969 е една од групите кои ќе се обединат, останатите се Брианца, Иридусибили и Викинг.

Тие ќе навиваат заедно под едно знаме кое ќе биде долго околу 100 метри, ќе биде поставено на северната трибина, „Курва Норд Милано 1969“ година.

Ова ќе биде почеток на една нова ера, но не значи расформирање на посебните навивачки групи, тие ќе си го задржат идентитетот, но ќе навиваат заедно ставајќи ги сите меѓусебни недоразбирања зад себе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×