Килијан Мбапе од
1. јануари има одврзани раце да потпише за друг клуб, Реал Мадрид се посочува како
главен фаворит, но „кралевите“ не сакаат да им се повтори 2022 година, кога со
месеци беа влечени за нос и напаѓачот на крајот ја продолжи соработката со ПСЖ.
Се шпекулира дека
Флорентино Перез му поставил ултиматум на Килијан Мбапе, му дал рок до
средината на јануари да каже дали ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Но како што
пренесува Тајмс, ваквиот потег може да му се удри од глава на Реал Мадрид.
Весникот објави
дека Килијан Мбапе не бил импресиониран од тактиката на „кралевите“ и на
блиските пријатели им се доверил дека нема да дозволи Реал Мадрид да го диктира
неговиот избор
Па тој одбива овој месец да потпише пред-договор со Реал, и почнал да
размислува за трансфер во Премиерлигата, каде интерес за неговите услуги
пројавуваат Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.