Олександр Зинченко е на радарот на Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Украинецот е подготвен за трансфер, а „росонерите“ го гледаат како идеална замена доколку Тео Ернандез го напушти клубот.
Сепак, Милан засега не се откажува лесно од Французинот – одбиле понуда од Атлетико Мадрид вредна 18 милиони евра плус бонуси, иако Ернандез има договор до летото 2026 година и не успева да се договори со управата околу продолжување на соработката.
Левиот бек претходно одбил преселба во Ал Хилал, а во јануари кажал „не“ и на понудата од Комо. Сега повторно е во преговори со Атлетико, иако ништо сè уште не е решено.
Во случај да дојде до продажба, Милан го има Зинченко високо на листата на приоритети, а самиот играч смета дека е време за нова средина и заминување од Арсенал.